МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1596
mod_vvisit_counterВчера1512
mod_vvisit_counterОвој месец25168
mod_vvisit_counterВкупно7101128

Денеска е: Ное 13, 2019
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОБЈАВЕН ПРВ ТЕНДЕР ЗА УЧЕСТВО НА ЕСКО КОМПАНИИ

На ден 29.10. 2019 гододина објавен е првиот тендер за учество на ЕСКО компаниите за проект на Јавното улично осветлување по ЕСКО модел на ЈПП во Општина Василево.

Во продолжение е приложен соодветниот линк за објавената тендерска документација

https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/0a2fdcd2-9349-4376-9caf-e7bbc1a4d14b/1

ПОСЕТА НА ОПШТИНА СТРУМИЦА

strumica

   

   Претставници на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија, со директорот Нехри Емрула, остварија средба со градоначалникот на Општина Струмица, Коста Јаневски, со цел за запознавање со новините и надлежностите на општината со нејзините законски обврски од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

СООПШТЕНИЕ

   Согласно Член 16, став 2 од Правилникот за обновливи извори на енергија (Службен весник на Р.С.М бр,112/19), ги информираме субјектите :

- повластени производители коишто користат повластени тарифи,

- производители на електрична енергија од обновливи извори коишто не користат мерка на поддршка, а се приклучени на соодветен енергетски систем,

- потрошувачи-производители со инсталирана моќност на електроцентралата поголема од 1kW, и

- потрошувачи кои произведуваат електрична енергија од обновливи извори наменета за сопствена потрошувачка со инсталирана моќност на електроцентралата поголема од 1kW, кои не се запишани во Регистарот на електроцентрали, во рок од 90 дена од денот на влегување во сила на правилникот до Агенцијата за енергетика да поднесат барање за упис во Регистарот на електроцентрали од обновливи извори согласно Член 19 од истиот правилник.

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА-ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЗА ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА

DIREKTOROT

Претставници од Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија присуствуваа на панел дискусијата „Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност за подобра животна средина“, која се одржа на 24 септември (вторник) од 10:30 до 13:30 часот во „Холидеј Ин“. На настанот присуствуваа и говореа политичари, креатори на политики, професори, претставници на бизнис секторот и граѓански активисти на различни теми меѓу кои:

-Дали законите за енергетика и нафтени деривати се во функција на животната средина?

-Ублажување на климатските промени со користење фотоволтаични системи

-Улогата на домаќинствата и граѓаните во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија

-Поволности за домаќинствата за инвестирање во енергетска ефикасност

-Климатските промени – закана или можност

-Дали гасификацијата на градовите ќе го намали аерозагадувањето?

ИЗВЕСТУВАЊЕ

  Ве известуваме дека Јавниот оглас за вработување на 1 (еден) државен службеник од група I, подгрупа I во Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија за работно место Советник за административни прашања е објавен на ден 11.09.2019 година на веб страната на Агенцијата за администрација ЈАВЕН ОГЛАС број-87А/2019 и рокот за пријавување е 20 (дваесет) дена од денот на објавувањето.

  Ве молиме Вашите пријави да ги доставувате до Агенцијата за администрација која е надлежна за спроведување на огласот.

ДОДЕЛЕНА ПЛАКЕТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ОД СТРАНА НА ФЕИТ

IMG_20190620_105151

     

  Факултетот за електротехника и информациски текнологии при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје, на 20.06.2019 г. одржа Наставно - научен совет по повод 60 годишниот јубилеј на факултетот, на кој додели плакети на институции, компании, професионални и студентски организации за досегашната успешна меѓусебна соработка и придонес во развојот на електротехниката и информациските технологии, меѓу кои и на Агенцијата за енергетика на Република Северна Македонија.


https://mk.rec.org/news-item.php?id=2526

Продолжен договорот за соработка со УНИДО

AERM-REC2019-1

 Потпишан анекс договор  за продолжување на сорaботка со  УНИДО  во проектот за 

Платформа за дисеминација на најдобри пракси од енергетска ефикасност во индустријата.

AE-FEIT

 Ќе се продоложи со трета мерна кампања за мерење на потенцијалот на ветер на две нови мерни локации. Помеѓу другото ќе се соработува и во проекти за енергетска ефикасност во индустријата, како и во областа на ИТ технологиите.

memorandum_vlada_usaid_15102018

  Денес, во Свечената сала на Владата, беа потпишани меморандуми за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Министерството за економија и УСАИД, како и помеѓу Регулаторната комисија за енергетика и УСАИД, за „Проектот за развој на регионални енергетски пазари - поддршка на реформите во секторот енергетика“.

Nehri_Emrula

  На 81-та седница оддржана на 17.07.2018 година, Управниот Одбор на Агенцијата за енергетика донесе Одлука за именување на г-дин Нехри Емрула за Директор на Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Втора мегународна конференција за енергетика на Технички консалтинг Скопје

Sarac-megun-konf-energSkopje20171129_11

 На 29.11.2017 се оддржа втората Меѓународна конференција за енергетика организирана од страна на Технички консалтинг со присуство на повеќе странски компании од областа на енергетиката, на која што свое прдавање имаше и в.Д. Директорот на Агенцијата за енергетика Владимир Сарач.
   

Смена на директорот на Агенцијата за енергетика

На  76-та седница одржана на 17.11.2017 година, Управниот Одбор на Агенцијата за енергетика донесе  Одлука за именување на г-дин  Владимир Сарач за В.Д. Директор на Агенцијата за енергетика.

   

Кисела Вода, Кавадарци, Гевгелија, Лозово, Росоман, Брвеница, Пехчево и Новаци се избраните општини од Компонента Б од проектот “Македонија – Промовирање на енергетска ефикасност во општините“

IMG_8683IMG_8685На ден 12.06.2015 година, во просториите на Агенција за енергетика на Република Македонија се одржа состанок на кој присуствуваа градоначалниците на општините Кисела Вода, Брвеница и Пехчево, претставници од општините Лозово и Росоман , директорот на Агенцијата за енергетика, г-динот Александар Дуковски, како и претставници од Агенцијата за енергетика и Консалтинг компанијата Econoler.  Главен акцент на состанокот беше ставен на идните актовности и задачи  поврзани со компонентата Б од Проектот.

   

Старо Нагоричане и Радовиш се општините од Компонента А кои аплицираа за Поддршка во Развојот на Програма за Енергетска Ефикасност и Акциски План

staro_nagoricaneradovisНа ден 07.05.2015 година, во просториите на Агенција за енергетика на Република Македонија се одржа состанок на кој присуствуваа градоначалникот на општина Старо Нагоричане, г-динот Милован Стојковски,  градоначаникот на општина Радовиш, г-динот Сашко Николов, директорот на Агенција за енергетика, г-динот Александар Дуковски, како и претствници од Агенција за енергетика и Консалтинг компанијата Econoler.  

Во согласност со Повикот за проектни апликации наменет за општините на Република Македонија за аплицирање за поддршка во развојот на Програма за енергетска ефикаснот и Акционен план, како дел од проектот “Македонија – Промовирање на енергетска ефикасност во општините, консултантски услуги за техничка поддршка за планирање на енергетска ефикасност и пилот проекти” спонзориран од Светска Банка и нејзината Програма за Помош на Управување во Енергетскиот Сектор (ESMAP) за Компопнента А интерес за учество изразија вкупно 27 општини. Врз основа на критериумот 2 од  Повикот за проектни апликации наменет за општините на Република Македонија за аплицирање за поддршка во развојот на Програма за енергетска ефикаснот и Акционен план, во Компонента А беа општините кои сеуште немаат доставено Програма за енергетска ефикасност и/или Акциски План за 2012-2015 до Агенцијата за енергетика, или нема добиено позитивно мислење од Агенцијата за енергетика.

   

Страница 1 од 49

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)