МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес582
mod_vvisit_counterВчера2764
mod_vvisit_counterОвој месец45537
mod_vvisit_counterВкупно6096794

Денеска е: Дек 16, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

UNESCO Летно училиште за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност

Za_pocetnaВо периодот од 23.08.2011 година до 03.09.2011 година се одржа UNESCO Летното училиште за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во Фојница, Босна и Херцеговина, на кое учествуваа двајца претставници од Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

   

Посета во Скопје на г-дин Марко Капонигро, проект менаџер на проектот ЕНЕР-СУПЛАЈ

Ener_supplyВо периодот 27-28.07.2011 година г-дин Марко Капонигро, проект менаџер на проектот ЕНЕР-СУПЛАЈ (Енергетска ефикасност и обновливост – енергетска политика за поддршка на локално ниво) ја посети проектната единица на прокетот во Агенцијата за енергетика на Република Македонија, составена од г-а Елена Китановска и г-а Александра Капсималова.

   

Прослава по повод шест години постоење на Агенцијата за енергетика на Република Македонија

На 28.07.2011 година, четврток се одржа прославата по повод шест години постоење на Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Прославата се оддржа во просториите на Клубот на новинари – Скопје.

На прославата, директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, г-дин Гечевски Лазар, направи пресек на досегашните постигнати активности, како и за понатамошното дејствување на Агенцијата во рамките на енергетскиот сектор.

   

Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, г-дин Гечевски Лазар беше меѓу главните презентери во Виесбаден, Германија

Za_pocetnaНа 27 и 28 Јуни 2011 година, директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, г-дин Гечевски Лазар се претстави со две опширни презентации во Виесбаден, Германија на информативните работилници на тема “Мали хидроцентрали во Србија и Македонија” и “Соларна енергија (Фотоволтаици, Соларна термика) во Србија, Македонија и Босна и Херцеговина”. Иницијативата е помогната од страна на Сојузното министерство за економија и технологија , а по нарачка на Германската организација за трговија и инвестиции во рамките на извозот на обновливите извори на енергија.Организатор на настанот беше бугарското консалтинг претпријатие “Sikos-uc OOD”. Овој настан служеше за германскате компании да добијат сеопфатни информации  за малите хидроцентрали и соларниот сектор во Србија, Македонија и Босна и Херцеговина.

   

Страница 41 од 49

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)