МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2903
mod_vvisit_counterВчера3277
mod_vvisit_counterОвој месец63362
mod_vvisit_counterВкупно5861319

Денеска е: Окт 18, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Предавање на тема „Приказ на случувањата во нуклеарната електрана Фукушима во Јапонија“

На 30.03.2011 година, среда, претставници од Агенцијата за енергетика на Република Македонија присуствуваа на предавање „Приказ на случувањата во нуклеарната електро централа (НЕЦ) Фукушима во Јапонија“. Предавањето беше во организација на Македонската енергетска асоцијација, а се одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија. Излагач беше Д-р Никола Попов, професор по нуклеарна техника при Мек Мастер Универзитетот – Канада. На ова предавање присуствуваа претставници од Министерство за економија, Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Г-дин Владимир Пешевски, претставници од МАНУ, организации, како и професори од областа на енергетика во Република Македонија. 

   

Презентација на студија на тема "Административни постапки при имплементација на проекти за производство на електрична енергија од ОИЕ"

На 29.03.2011 година, претставници од агенцијата за енергетика на Република Македонија присуствуваа на презентација на студија на тема "Административни постапки при имплементација на проекти за производство на електрична енергија од ОИЕ" организирана од USAIDво просториите на Министерство за економија. На оваа презентација присуствуваа претставници од: МЕПСО, ИФЦ, УХМР, АЕРМ, РКЕ, МЕ и професори од ФЕИT. Презентација беше водена од Г-дин Драган Блажев,  Директор за развој на бизниси и Џејсон М. Стил, Менаџер во дивизија за менаџмент со енергија и животна средина.

   

Семинар „Енергија, третман на отпад и вода, рударство и градежништво”

Во организација на Амбасадата на Кралството Шведска на ден 15.03.2011 година се одржа семинар на тема „Енергија, третман на отпад и вода, рударство и градежништво” -модел на Шведска„ на која се претставија еминентни глобални Шведски компании: „ Alfa Laval”, „ Sandvik”, „ SweCopm”, „ Varim”, „ Systemair”, „ Metso", „ SKF” и „SSAB”.

   

Работилница за "Когенеративни постројки" за јавно-приватно партнерство (ЈПП)

На 23.02.2011 година беше одржана работилница организирана од IFC/ SECO на тема "Когенеративни постројки" за јавно-приватно партнерство (ЈПП)  во Загреб. На оваа работилница присуствуваа директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Г-дин Лазар Гечевски и претставник од правната служба на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Г-ѓа Сања Чамевска.

На оваа регионална работилница преовладуваа следните теми: ЈПП во когенеративните постројки на топлинска и електрична енергија во централите; ЈПП во когенеративни постројки на топлинска и електрична енергија од биомаса и ЈПП во когенеративни постројки на топлинска и електрична енергија од отпад.

   

Страница 45 од 49

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)