МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес202
mod_vvisit_counterВчера3764
mod_vvisit_counterОвој месец82355
mod_vvisit_counterВкупно5128768

Денеска е: Фев 22, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Одржан тренинг за „Енергетски менаџмент“ во рамките на проектот ENER-SUPPLY

Во периодот од 14.02.2011 до 18.02.2011 година, во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии беше одржан тренинг за „Енергетски менаџмент“ во рамките на проектот „Енергетска ефикасност и обновливост -Енергетска политика за поддршка на локално ниво -ENER-SUPPLY“, кој е имплементиран од Агенцијата за енергетика на Република Македонија. На тренингот учествуваа претставници од општините во Скопје и претставник на општина Охрид.

   

Неофицијална посета на фотоволтаичната постројка Петро М

На 31.01.2011 година, понеделник, претставници на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, заедно со директорот, Г-дин Лазар Гечевски, беа во неофицијална посета на фотоволтаичната постројка Петро М, во општина Илинден.

Оваа посета беше со цел да се види работата на постројката, после осум месеци откако е пуштена во погон.  

   

Работилница за Квалитет на електричната енергија

На 14.12.2010 година беше одржана работилница за Квалитет на електричната енергија, на која присуствуваа претставници на Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Работилницата беше организирана од страна на Македонски IEEE– Оддел за електроенергетика, МАКО – СИГРЕ и ФЕИТ, а се одржа во просториите на Факултетот за електротехника и информатички технологии – Скопје.

Целта на оваа работилница беше:

  • запознавање на засегнатите страни и стручната јавностсо проблематиката на квалитет на електрична енергија
  • отсликување на моменталната состојба во Република Македонија од аспект на квалитет на електрична енергија
  • зголемување на свеста за значењето на квалитет на електрична енергија

На почетокот на оваа работилница свое официјално обраќање до учесниците имаше Директорот на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Г-дин Лазар Гечевски, во кое ја посочи улогата на Агенцијата во енергетскиот сектор во Република Македонија, и идните активности кои таа ќе ги превземе со цел подобрување на овој сектор.

Во работилницата учество земаа претставници од државните институции, компании кои работат во областа на електроенергетиката, како и експерти од Шведска. 

   

Предлог - Енергетски биланс 2011 година

Претставници на Агенцијата за енергетика на Република Македонија присуствуваа на расправата која се одржа во просториите на Стопанската комора на Република Македонија по повод Предлог Енергетскиот биланс за 2011 година. Со овој биланс е предвидено дека во 2011 година ќе има пораст на вкупната потрошена енергија за 11% во однос на 2010 година. Исто така, во Енергетскиот биланс земена е во предвид количината на произведена енергија, како и енергијата која ќе треба да се увезува со цел да се покријат врвовите на потрошувачката.

На расправата беа укажани сите дополнувања кои треба да се извршат во самиот биланс за 2011. Исто така, експертите укажаа на тоа дека е потребно да се изврши дополнување на Предлог Енергетскиот биланс со дополнителна ставка која ќе се однесува на огревното дрво, како обновлив извор на енергија. Причината за тоа е што огревното дрво, во Република Македонија,  како извор на енергија, е најексплоатиран обновлив извор на енергија, дури и пред хидроенергијата.

Со Енергетскиот биланс за 2011 година се предвидува дека 85% од потребната енергија може да се покрие со домашното производство, а 15% од потрошувачката ќе се покриваат со увоз.

   

Страница 46 од 49

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)