МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес753
mod_vvisit_counterВчера2360
mod_vvisit_counterОвој месец64507
mod_vvisit_counterВкупно5691144

Денеска е: Авг 22, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Пракса за студенти од Универзитет „Св.Кирил и Методиј“

Со цел зголемување на практичното знаење на студентите, Агенцијата за енергетика на Република Македонија во јули, 2011 година распиша оглас за практиканти од Машински факултет, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Правниот факултет во Скопје.

Целта беше да им се пружи шанса на студентите од овие факултети поблиску да се запознаат со практичното работење во полето на енергетиката и стекнување на искуство кое ќе им помогне во нивната идна работа.

На огласот се пријавија околу 50 студенти, од кои беа избрани 4, односно 2 од Машинскиот факултет, 1 од Факултетот за електротехника и информациски технологии и 1 од Правниот факултет. Праксата се одвиваше во текот на месец јули и август.

   

Отворање на Инфоцентар за енергетика

На 06 Септември, 2010 Агенцијата за енергетика на Република Македонија, со поддршка од Министерството за животна средина, земја и море на Република Италија го отвори првиот Инфоцентар за енергетика на Република Македонија и пошироко.

Целта на отворањето на Инфоцентарот за енергетика е обезбедување на бесплатен и брз пристап до информации за енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија за заинтересираните лица.

   

Агенцијата за енергетика на Република Македонија го прослави својот 5-ти роденден

На 06 Септември, 2010, се одржа прославата по повод 5 години постоење на Агенцијата за енергетика. Прославата се одржа во дворот на Домот на пратеници.

Во чест на 5 години од постоењето, министерот за економија, Г-дин Фатмир Бесими, во своето обраќање ја потенцираше важноста за подобрување на енергетиката во Република Македонија, како и придонесот кој го даде Агенцијата за енергетика на Република Македонија во унапредување и подобрување на енергетската состојба во Републиката. Исто така, ја искажа поддршка за понатамошното активно дејствување на Агенцијата за енергетика кон исполнување на нејзините активности и цели.

   

Загреб, Марибор, Минхен и Љубљана

На ден 08.04.2010 година остварено е службено патување во Загреб, Марибор, Минхен и Љубљана. На состаноците претставниците на Агенцијата за енергетика, остварија средби со претставниците наЕнергетскиот институт Хрвоје Пожар,  Хрватската енергетска регулаторна комисија, ХЕП-ЕСКО, Град Загреб, Кетер Груп, институтот “Јожеф Стефан“ но и со потенцијални инвеститори кои се заинтересирани за инвестирање во Република Македонија во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

   

Страница 47 од 49

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)