МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес911
mod_vvisit_counterВчера2294
mod_vvisit_counterОвој месец40774
mod_vvisit_counterВкупно4588675

Денеска е: Авг 18, 2017
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Агенција за енергетика на Република Македонија и ECONOLER.

memorandumНа 11.03.2015 година, во просториите на Агенција за енергетика на Република Македонија, беше потпишан меморандум за разбирање и соработка помеѓу Агенција за енергетика на Република Македонија и Проектот за Промоција и консултантски услуги на енергетска ефикасност на општините во Република Македонија со цел обезбедување на техничка поддршка за енергетска ефикасност, спроведeн од Светска Банка и нејзината програма за помош при управување во енергетскиот сектор  (ESMAP).

   

Агенцијата за енергетика на Република Македонија станува нов партнер на Платформата за енергетска ефикасност

IMG_0240Од 6 до 8 март, во соработка со ЕВН и Министерството за економија, Агенцијата за енергетика на Република Македонија зема активно учество во работилницата за Енергетска ефикасност за претставниците за медиуми.

На оваа работилница, како предавачи учествуваа стручни лица од ЕВН, од Министерство за економија и од Агенција за енергетика на Република Македонија , која од оваа година станува нов партнер на Платформата за енергетска ефикасност.

   

Учество на Петтиот интернационален форум за енергетска одржливост во Хамамет , Република Тунис

tunisОд 4-7 ноември 2014 година, во Хамамет, Република Тунис, се одржа Петтиот интернационален форум за енергетска одржливост, организиран од страна на Владата на Република Тунис, Економската комисија на Обединетите нации на Европа (UNECE), Економско-социјална комисија за Западна Азија (ESCWA), Економско-социјална комисија за Азија и Пацификот (ESCAP), Економската комисија за Латинска Америка и Карибите (ECLAC) и Економската комисија за Африка (ECA).

   

И З В Е С Т У В А Њ Е

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Се известуваат сите физички лица кои се заинтересирани да добијат овластување за енергетски контролор, дека поради поголема веродостојност во поглед на докажувањето на 5 (пет) годишното работно искуство во струката на работи на проектирање, надзор и одржување на градежни објекти, испитување на енергетски или процесни постројки, вршење на енергетски контроли или други енергетски услуги на работа на стручни и научни дејности од областа на енергетиката, како еден од предусловите за стекнување со овластување за енергетски контролор, Агенцијата за енергетика на Република Македонија со цел да излезе во пресрет на сите заинтересирани лица, го дава следново појаснување:

Како релевантен доказ за 5 (пет) годишното работно искуство во горенаведените дејности, потребно е да се достави:

  1. М1/М2 образец во оригинал или копија заверена на нотар и/или
  2. Референтна листа согласно образецот на Агенцијата за енергетика кој што можете да го превземете на следниот линк   (Линкот може да се отвори само со Google Chrome и Internet Explorer) и/или
  3. Потврда од правен субјект од која може да се утврди времетраењето и видот на работниот ангажман (опис на активност во која учествувал барателот).

 

                                                                                        

                                                                                            Агенција за енергетика на

                                                                                             Република Македонија

                    Скопје, 15.07.2014 година  

   

Страница 2 од 49

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)