МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1403
mod_vvisit_counterВчера2012
mod_vvisit_counterОвој месец47419
mod_vvisit_counterВкупно4671064

Денеска е: Сеп 24, 2017
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Потпишан меморандум за Соработка помеѓу Агенцијата за енергетика на Република Македонија и УСАИД

IMG_8570На 18.06.2014 година, во просториите на Агенцијата за енергетика на Република Македонија, беше потпишан Меморандум за разбирање и соработка помеѓу Агенцијата за енергетика на Република Македонија и УСАИД.

   

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ СЕ НОСИТЕЛИ НА ОВЛАСТУВАЊЕ ИЛИ ДРУГ СООДВЕТЕН ДОКУМЕНТ ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОР ИЗДАДЕН ОД НАДЛЕЖНО ТЕЛО НА ДРУГА ДРЖАВА

Се известуваат сите физички лица кои се носители на  овластување или друг соодветен документ за енергетски контролор издаден од надлежно тело на друга држава, со цел негово признавање од страна на Агенцијата за енергетика на Република Македонија согласно член 137 став 11 од Законот за енергетика (“Службен весник на Република Македонија бр.16/11, 136/11, 79/13 и 164/13“) и член 28 од Правилникот за енергетска контрола (“Службен весник на Република Македонија бр.94/13“) треба да поднесат Барање за издавање, продолжување и признавање на овластување за енергетски контролор прилог бр. 14 од Правилникот за енергетска контрола (“Службен весник на Република Македонија бр.94/13“). Истото, во електронска форма може да се превземе на следниот линк.

Кон барањето носителот на овластувањето или другиот соодветен документ за енергетски контролор издаден од надлежно тело на друга држава треба достави:

  1. Оригинал од овластувањето или другиот соодветен документ за енергетски контролор и заверен превод на овластувањето или другиот соодветен документ за енергетски контролор на македонски јазик и
  2. Заверен превод на писмен документ врз основа на кој надлежното тело може да издава таков вид на овласување или друг соодветен документ за енергетски контролор.

Согласно член 137, став 8 од Законот за енергетика (“Службен весник на Република Македонија бр.16/11, 136/11, 79/13 и 164/13“), заинтересираните физички лица треба да уплатат административна  такса во висина од 50 и 250 денари на два посебни Налози за јавни приходи ПП50. Средствата треба да се уплатат во корист на Трезорска сметка 100000000063095, Депонент – Народна банка на РМ, Уплатна сметка  840 – _ _ _ [1] - 03161, Приходна шифра и програма 722313-00. На двата налози Цел на дознака останува Административна такса.

            На следниот линк, прикажан е пример како треба  да се пополни Налогот за јавни приходи ПП50, како и список со ознаки на општините во Република Македонија.

                                         

                                                                                            Агенција за енергетика на

                                                                                             Република Македонија

                    Скопје, 25.06.2014 година  

                                                                                                         



[1] _ _ _ -  Шифра на општината во која што се наоѓа адресата на налогодавачот (физичкото лице)

   

И З В Е С Т У В А Њ Е

Се известуваат сите физички лица кои се заинтересирани да добијат овластување за енергетски контролор дека до Агенцијата за енергетика согласно член 137 од Законот за енергетика (“Службен весник на Република Македонија бр.16/11, 136/11, 79/13 и 164/13“) и член 22 од Правилникот за енергетска контрола (“Службен весник на Република Македонија бр.94/13“) треба да поднесат Барање за издавање на овластување за енергетски контролор прилог бр. 14 од Правилникот за енергетска контрола (“Службен весник на Република Македонија бр.94/13“). Истото, во електронска форма може да се превземе на следниот линк.

Кон барањето физичкото лице поднесува доказ за:

  1. Завршено високо образование од техничка насока (диплома или уверение),
  2. Најмалку 5 (пет) години работно искуство во струката на работи на проектирање, надзор и одржување на градежни објекти, испитување на енергетски или процесни постројки, вршење на енергетски контроли или други енергетски услуги или работа на стручни или научни дејности од областа на енергетиката (М1 М2 образец и референтна листа) и
  3. Положен стручен испит за енергетски контролор (уверение за положен стручен испит за енергетски контролор).

Доставените документи да бидат во оригинал или копија заверена на нотар.

Согласно член 137, став 3 од Законот за енергетика (“Службен весник на Република Македонија бр.16/11, 136/11, 79/13 и 164/13“), заинтересираните физички лица треба да уплатат административна  такса во висина од 50 и 250 денари на два посебни Налози за јавни приходи ПП50. Средствата треба да се уплатат во корист на Трезорска сметка 100000000063095, Депонент – Народна банка на РМ, Уплатна сметка  840 – _ _ _ [1] - 03161, Приходна шифра и програма 722313-00. На двата налози Цел на дознака останува Административна такса.

            На следниот линк, прикажан е пример како треба  да се пополни Налогот за јавни приходи ПП50, како и список со ознаки на општините во Република Македонија.

                                                                                                                                                             

                                                                                            Агенција за енергетика на

                                                                                             Република Македонија

                Скопје, 17.06.2014 година                                      

 



[1] _ _ _ -  Шифра на општината во која што се наоѓа адресата на налогодавачот (физичкото лице)

   

Работилница на тема „Предизвици од воведувањето на задолжителни енергетски контроли во објектите во Република Македонија“

IMG_8495На ден 07.03.2014 година, во 10:00 часот, Агенцијата за енергетика на Република Македонија во соработка со Скопскиот саем, организираше работилница на тема „Предизвици од воведувањето на задолжителни енергетски контроли во објектите во Република Македонија“.
   

Страница 3 од 49

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)