МЕНИ
Мултимедија
Посетеност







![]() | Денес | 1274 |
![]() | Вчера | 3256 |
![]() | Овој месец | 72660 |
![]() | Вкупно | 6314616 |
Четиринаесетти Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност
На 03.05.2012 година во просториите на „Дуна – Клуб на новинари“ со почеток во 14:00 часот се одржа 14-тиот Собир на експерти од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.На овој Собир беше разгледана драфт верзијата на Правилникот за енергетски карактеристики на згради за кој беше задолжена работна група оформена на иницијатива на Агенцијата за енергетика, а со координација на здружението ЦеПроСард. Овој правилник е важен подзаконски акт кој ќе придонесе постепено да се намалат енергетските трошоци во објектите, енергетскиот фактор да се зема во предвид при градењето на нови објекти, воведување на зелени сертификати и секако ќе помогне при постигнувањето на стратешките цели на земјата.