МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1417
mod_vvisit_counterВчера3265
mod_vvisit_counterОвој месец63978
mod_vvisit_counterВкупно5978102

Денеска е: Ное 13, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Редовно годишно собрание на Македонско-Германското стопанско здружение

015823132_40100На 18 Април 2012 се одржа дванаесеттото редовно собрание на членовите на Македонско-Германското стопанско здружение (DMWV) во конференциската сала на ресторанот „Воденица“ во Скопје.
Михаел Шмит, раководен член на У.О. на DMWV, објави пред присутните дека на вонредното собрание кое се одржа во декември 2011, Матијас Ханел беше избран за нов претседател.

Како ретроспектива на активностите на DMWV и на АХК Македонија, господинот Михаел Шмит ги информираше членовите за активностите во изминатата година и истакна дека беа одржани бројни настани.

Во својот извештај за „Агендата за 2012“, господинот Матијас Ханел објасни дека и во оваа година ќе продолжат активностите за информираност и подобра комуникацијата меѓу членовите. Меѓу нив, најзначајни се Newsletter–от како и заедничката веб-страна на канцеларијата на AHK и на DMWV, но и формалните и неформални средби помеѓу членовите.

Новото издание на каталогот на членови 2012 им беше поделено на членовите по завршувањето на седницата на годишното собрание.
20 нови зачленувања во DMWV од крајот на април 2011 кои беа претставени од членот на управниот одбор Златко Антевски беа потврдени од собранието. Покрај 7-те истапувања од април 2011, 11 членови се исклучени во 2011 година бидејќи не ја платиле членарината. Така им се овозможува само на навистина заинтересирани и ангажирани компании да бидат членови во DMWV.
Со актуелни 154 членови, DMWV и понатаму е најголемо билатерално стопанско здружение во Македонија.

Новиот Newsletter на Унијата на германските комори за индустрија и трговија - Претставништво Скопје и Македонско-Германското стопанско здружение можете да го погледенет тука
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)