МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2877
mod_vvisit_counterВчера3277
mod_vvisit_counterОвој месец63336
mod_vvisit_counterВкупно5861293

Денеска е: Окт 18, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Петнаесетти „Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“

3На 07.06.2012 година Агенцијата за енергетика на Република Македонија го организираше петнаесеттиот „Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“. На овој Собир беа разгледувани две теми:

  • Програма за реализација на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот 2012 – 2016 година и
  • Методологија за определување на енергетските карактеристики на згради 

Во првиот дел од Собирот се разгледуваше Програма за реализација на стратегијата за развој на енергетиката во Република Македонија за периодот 2012 – 2016 година која ја изработи МАНУ. Агенцијата за енергетика на Република Македонија состави свои забелешки по ова прашање и истите беа презентирани од страна на директорот на Агенцијата на сите присутни експерти. Експертите дадоа свои сугестии во однос на тоа што треба да се измени во овие забелешки и истите ќе бидат разгледани и вметнати во постоечките на Агенцијата.

Во вториот дел беше презентирана Методологија за определување на енергетските карактеристики на згради  од страна на г-дин Алекса Томовски кој е член на работната група за изработка на Правилникот за енергетски карактеристики на згради. Потоа беше отворена дебата. Со оглед на тоа дека изработката на овој подзаконски акт е на самиот крај, Агенцијата за енергетика на Република Македонија е оворена за сите кои сметаат дека треба нешто да биде доставено или изменето во овој документ со цел лицата кои подоцна ќе го спроведуваат да бидат задоволни. Така беше и во овој случај. Агенцијата доби доста забелешки по Методологијата и истите ќе бидат разгледани од страна на членовите на работната група.

Во наредните два месеци, јули и август, нема да се одржуваат Собирите поради летните одмори.

 


Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)