МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2119
mod_vvisit_counterВчера2742
mod_vvisit_counterОвој месец52171
mod_vvisit_counterВкупно6103428

Денеска е: Дек 18, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Шеснаесетти „Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“

IMG_6716На 06.09.2012 година се одржа шеснаесеттиот Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“ во организација на Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Овој Собир беше на тема „Предлог за изработка на Правилник за енергетска ефикасност“.

Транспортниот сектор во Република Македонија е одговорен за околу 21 % од вкупната потрошувачка на енергија.  Во рамките на транспортниот сектор,  друмскиот транспорт е најдоминантен во Македонија. Во периодот од 2002 до 2006 година повеќе од 97 % од потрошената енергија во транспортниот сектор во суштина била потрошена во друмскиот транспорт.  Заштедите на финална енергија во транспортниот сектор во рамките на Директивата за енергетски услуги во Република Македонија во 2018  година треба да бидат еднакви на 31,3 ktoe или повеќе. 

Од оваа причина Агенцијата за енергетика на Република Македонија превзеде иницијатива да се започне со размислување за изработка на ваков правилник, со цел што побрзо и поуспешно да се достигнат целите на Македонија во полето на заштеда на енергија.

На отворената дебата експертите беа со поделени размислувања во однос на тоа дали сега е моментот да се изработува ваков Правилник.

По Собирот на експерти ќе биде изготвен записник и истиот ќе биде испратен до институциите кои се надлежни за изработка на ваков подзаконски акт.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)