МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1659
mod_vvisit_counterВчера4173
mod_vvisit_counterОвој месец66291
mod_vvisit_counterВкупно5864248

Денеска е: Окт 19, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Седумнаесетти "Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност"

IMG_6878На 01.11.2012 година се одржа седумнаесеттиот собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност на тема: "Енергетска ефикасност во здравство".

Здравствениот сектор во Република Македонија се сектор во кој досега многу малку се има инвестирано во однос на подобрување на енергетската ефикасност. Загубите на енергија кои ги има во здравството покрај тоа што допринесуваат кон намалување на заштедите на енергија исто така влијаат и врз удобноста на пациентите. Потребно е во што поскоро време да се започне со интензивна санација на овие објекти кои се од клучно значење за жителите и државата.

Во 2011 година Министерството за здравство и Светската здравствена организација потпишаа договор за проценка на енергетската ефикасност и користењето на обновливите извори на енергија во две болници во државата – во Штип и Гостивар. Овие објекти ќе претставуваат пилот проекти по кои понатаму би требало да се реновираат и останатите здравствени установи во државата.

Како продолжение на иницијативата на Агенцијата за енергетика на Република Македонија за воведување на енергетска ефикасност во сите сектори во државата, го организиравме овој Собир со цел да го слушнеме мислењето на експертската јавност по прашањето што, каде и зашто е потребно да се интервенира во делот на енергетската ефикасност во овој сектор.

Точки на разгледување беа следниве:

  1. Разгледување на иницијативата на Агенцијата за енергетика на Република Македонија за воведување на мерки за енергетска ефикасност во сите сектори во државата.
  2. Договор потпишан помеѓу Светската здравствена организација и Министерството за здравство
  3. Предлози за подобрување на енергетската ефикасност во здравствениот сектор.

По Собирот на експерти ќе биде изготвен записник и истиот ќе биде испратен до институциите кои се потенцијално надлежни за изработка на ваков подзаконски акт.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)