МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1275
mod_vvisit_counterВчера2769
mod_vvisit_counterОвој месец70929
mod_vvisit_counterВкупно5783794

Денеска е: Сеп 26, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Студиска посета во Прага, Република Чешка

undpleВо рамките на проектот "Ублажување на климатските промени преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор" се организира студиска посета во Република Чешка. Проектот е финансиран од Австриската Развојна Кооперација и цели кон воспоставување на поволни услови за ублажување на климатските промени во земјата преку подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор, зголемување на јавната свест и капацитетите на инволвираните засегнати страни за енергетска ефикасност.

Настанот ќе се одржи во Прага, Република Чешка од 19 до 23 Септември, 2011 година.

Целта на посетата е зајакнување на капацитетите на институции од владиниот, образовниот, приватниот и финансискиот сектор од нашата земја во однос на најнови технологии, најдобри практики и финансиски достапни модалитети за успешна имплементација на мерки за енергетска ефикасност во јавни објекти, што ќе придонесе за забрзување на спроведувањето и примената на Директивата на Европскиот Парламент за енергетски карактеристики на згради (EPBD) како и Националниот акционен план за енергетска ефикасност.

Студиската посета ќе обезбеди увид во законски, регулаторни, административни, технички и комерцијални аспекти за објекти од јавен карактер, програми за осовременување и капитализирање на искуство на Република Чешка во оваа област. Исто така ќе бидат посетени сите релевантни институции во Прага, поврзани со имплементација на Директивата на Европскиот Парламент за енергетски карактеристики на згради.

На средбата ќе учествува и претставник од Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)