МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1909
mod_vvisit_counterВчера2327
mod_vvisit_counterОвој месец62332
mod_vvisit_counterВкупно4838038

Денеска е: Ное 23, 2017
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Infocentar_banner_v2


Италијанска донација

"Проект за воспоставување на база на податоци за потенцијалот на ветерната енергија во Република Македонија„

Проектот се реализира врз основа на Меморандум за соработка потпишан на 25.02.2009 година помеѓу Министерството за економија и Италијанското Министерство за животна средина, земја и море.

Преку проектот, кој го спроведува Агенцијата за енергетика, треба да се набави една мерна станица за потенцијал на ветерна енергија и да се финансираат пропратните активности за поставување на опремата и обработката на добиените мерни податоци. Проектот претставува поддршка на „Проектот за одржлива енергија„ финансиран од ГЕФ-грантот, а управуван од Светска Банка, преку кој треба да се набават 4 мерни станици за потенцијалот на ветерната енергија, со што ќе се создаде комплексен систем од постоечки, дислоцирани и новонабавени мерни станици за мерење на потенцијалот на ветерната енергија во Република Македонија.

Исто така, од Италијанско министерство за животна средина, земја и море беше доделена донација за отворање на првиот Инфоцентар за енергетика во Република Македонија. Инфоцентарот за енергетика беше отворен на 06.09.2010 година од страна на Агенцијата за енергетика на Република Македонија.

Целите на Инфоцентарот за енергетика се фокусираат на обезбедување на елементарни информации, како и зголемување на познавањето и примената на мерките за енергетската ефикасност и зголемено користење на обновливите извори на енергија.

Инфоцентарот за енергетика се наоѓа на ул.„Максим Горки" бр 11. 

Телефон: +389 2 6144666

Infocentar

Е-маил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)