МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1693
mod_vvisit_counterВчера3297
mod_vvisit_counterОвој месец68578
mod_vvisit_counterВкупно5781443

Денеска е: Сеп 25, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Осми "Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност"

za_naslovnaАгенцијата за енергетика на Република Македонија, на ден 06.10.2011 година, го одржа осмиот Собир на експерти во областа на обновливи извори на енергија. Темата на собирот беше: Финансиски алатки за поддршка на енергетиката. Собирот се одржа во просториите на Машинскиот Факултет, во Скопје.

Беа одржани две предавања на оваа тема и тоа:

1. Г-дин Александар Станојковски, Македонска Банка за поддршка на развој, презентација на тема: Финансиски алатки за поддршка на енергетиката во Република Македонија и други земји во регионот и Европската Унија;

2. Г-дин Ангел Николаев, Регионален центар за енергетика "Црно Море"- Република Бугарија, презентација на тема: Финансиски алатки за поддршка на енергетиката во Република Бугарија.

На собирот, со оглед на темата, присуствуваа претставници на повеќе банки и тоа: Македонска Банка за поддршка на развој, Халкбанк АД Скопје, Прокредит Банк АД Скопје.

На крајот на Собирот, беше отворена дебата во која беа поставени и одговорени повеќе прашања и во која се дискутираше за улогата на банките и финансискиот аспект при организирање на проекти од областа на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)