МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1357
mod_vvisit_counterВчера3265
mod_vvisit_counterОвој месец63918
mod_vvisit_counterВкупно5978042

Денеска е: Ное 13, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Соработка со Организација на потрошувачите на Македонија

OPM_logoАгенцијата за енергетика на Република Македонија во соработка со Организација на потрошувачите на Македонија ви презентира дел од прашањата на граѓаните, од областа на енергетиката, кои се најчесто поставувани до Организацијата на потрошувачите на Македонија.

Што е енергетска ефикасност?
Претставата за енергетската ефикасност е многу далеку од застарените сваќања на поимот заштеда на енергија. Тоа не е исклучување на греењето и жртвување на конфорот. Енергетска ефикасност подразбира максимално искористување на расположивата енергија преку примена на современи технологии кои овозможуваат покривање на дневните потреби за: комфорни домови, профитабилни бизниси, соодветен транспорт. Тоа е најбрзиот, најефтиниот, најчистиот начин за редукција на енергетската потрошувачка и загадување.

Ако Вашиот дом е енергетски ефикасен, тогаш можете да го намалите термостатот и сепак да ви биде комфорно и дење и ноќе, без провев и студени локации.

Каде во кујната можат да се применат енергетски ефикасни мерки?
Енергетски мудри постапки

• Купувањето на нови апарати (според потребите се разбира), ви дава најдобра можност да најдете модел со повисока ефикасност, со карактеристики какви што Ви требаат. Фрижидер продаван во 2002 има повеќе функции и троши половина помалку енергија споредбеноено со модел карактеристичен за 1980.

• Плинските шпорети штедат енегија. Како? Прво не се троши непотребно енергија во загревање на плочата од ринглата, плинските горилници моментално ја постигнуваат бараната температура - интензитет на загревање. Второ системите за регулација кај електричните шпорети се поинертни, односно кога треба да се намали или зголеми интензитетот на загревање треба да помине определен временски период за да се исполни тоа барање; напротив кај плинските, регулацијата е моментална. Трето, со примена на ваков тип енергија - топлинска од согорувањето на плинот, се штеди скапата електрична енергија која за да дојде до штекерот на шпоретот поминала неколку енергетски трансформации.

Зошто да купам енергетски ефикасен ладилник?
Вашиот ладилник употребува најмногу енергија од сите кујнски апарати. Може да се земе дека троши околу 15% од вкупната потрошувачка на енергија во домот. Колку постар модел, толку поголема потрошувачка. Ако вашиот сегашен ладилник е постар од 15 години тогаш многу повеќе ќе заштедите со купување на нов, поефикасен модел. Новите модели можат да бидат дури 50% енергетски поефикасни од старите ладилници.

Каде и како"се губи" енергија?
Секако од неизолирани надворешни ѕидови, подови, покриви, прозорци и надворешни врати. Пример: Некои куќи имаат толку испусти околу нивните прозорци и врати, еднакво на широко отворен прозорец со димензии 60 на 60 сантиметри! Соодветна изолација на вашиот домашен климат, може да го зголеми вашиот конфор и да ги редуцира трошоците за загревање и разладување до 30%.

Проверете ги: покривот, зидовите, подовите, прозорците и вратите.

Треба да се средат прво воздушните испусти (инфилтрација на надворешен воздух) за да се добијат максимални заштеди од вашите системи за греење и разладување, како и други мерки за енергетска ефикасност. Денешните високо-ефикасни прозорци се за 40 % поефикасни од стандардните и можат да ги зголемат заштедите од загревање и разладување до 15%. Специјалните премази со ниска емисивност, многу го редуцираат количеството топлина кое се губи низ стаклото, така во зиме нема големи топлински загуби, а лете топлински добивки. Ако имате единечни прозорци со едноструко застаклување тогаш најдобро е истите да се доработат со термоизолационо стакло и нови лајсни или комплетно да се заменат со нови прозорци кои одлично дихтуваат и имаат термоизолационо стакло.

Прозорците со двојни (термоизолациони) стакла премачкани со премаз за ниска емисивност, можат да ги намалат сметките за 34% во студените климати, споредено со непремачкани еднослојни прозорци. Во топлите климати, спектрално селективните прозорци со ниска емисивност можат да ги намалат сметките за разладување за 38%.

Што е обновлива енергија?
Обновлива енергија е секој одржлив енергетски извор кој потекнува од природната средина. Највообичаените форми на обновлива енергија се: сончевата, ветерната, хидро енергијата, биомасата и геотермалната енергија. Обновливите енергетски извори се одржуваат или заменуваат по природен пат, со интензитет еднаков на интензитетот на користење.

Дали сончевата топлина може да се користи и за загревање на станбени објекти?

Сончевата топлина може да се користи и за загревање на станбени објекти. Зголемувањето на ефикасноста на сончевите системи, оптималното поврзување и технологијата на складирање, ниско-температурните грејни системи (зидно или подно греење), овозможуваат сончевата енергија успешно да го дополнува базичниот систем за загревање на простории.

Колку одржување е потребно кај сончевите топлински системи?
Сончевите системи се едноставни, потполно автоматизирани, сигурни и немаат потреба од постојано одржување во временски период од 20-30 години. Можно е да има потреба за некакво сервисирање во тој период, но нема подмачкување на пумпи, промена на флуидот и сл. Сепак не е на одмет ако еднаш годишно се исчистат колекторите од прашина, ова поготово се однесува на Скопје и неговата околина. Сончевите системи се продаваат веќе со гаранција од 10 и 15 години.

Советувалиште Скопје

Организацијата на потрошувачите на Македонија постојано работи на застапување на интересите на потрошувачите во Република Македонија и остварува соработка на регионално и меѓународно ниво; работи на подигање на јавната свест преку информирање и едукација на граѓаните-потрошувачи; создавање и имплементација на соодветна законска регулатива и конзистентна потрошувачка политика.

Организацијата на потрошувачите секојдневно прима поплаки и врши советувања на граѓаните и од областа на енергетиката. Во прилог објавуваме Статистика за извршени советувања и остварени контакти во текот на неделата.

Јавни претпријатија / Број на остварени контакти

- Електрична енергија/ 74

- Топлификација/ 69

Од ОПМ известуваат дека поголемиот број од проблемите кај давателите на електрична и топлинска енергија се од областа на непочитувањето на договорните услови, квалитетот на услугите, плаќањето на цената, наплата на дополнителни трошоци, бавното отстанување на дефектите и слично.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)