МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес2484
mod_vvisit_counterВчера1370
mod_vvisit_counterОвој месец56660
mod_vvisit_counterВкупно5432101

Денеска е: Мај 23, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Деветти "Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност"

sobir_9Деветтиот собир на експерти се одржа во четврток, 03.11.2011 година, во Клуб на новинари- Скопје. Темата на собирот беше: Природен гас- енергетска неопходност за Македонија: Преглед на македонскиот енергетски потенцијал.

На собирот, присуствуваа експерти регистрирани во Агенцијата за енергетика кои со своите стручни ставови придонесоа за анализирање на актуелната состојба и пречките со кои моментално се соочуваат.

Презентер на овој собир, беше доцент д-р Даме Димитровски, од Машинскиот факултет во Скопје кој даде исцрпна презентација на тема: "Поим за природен гас". Г-динот Димитровски, со своите стручни излагања одржа одлична презентација во која го истакна значењето на природниот гас со особен акцент на значењето и придобивките од замената на дизелот со природниот гас. Исто така, обрна внимание на развојот на гасоводната мрежа низ годините во регионот и во Македонија. На крајот на својата презентација, претстави дел од проектите кои ги спроведува Институтот за гасна техника а за кои се очекува да придонесат за зголемување на енергетската ефикасност.

По презентирањето, беше отворена дебата во која беа поставени и одговорени повеќе прашања и во која се дискутираше за недостатокот на соодветна правна рамка со која би се регулирало користењето на природниот гас и зајакнување на меѓуопштинската соработка во насока на зголемување на употребата на природниот гас. Исто така, се дискутираше за предностите и слабостите на двете процедури Bottom up и Top Down.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)