МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1426
mod_vvisit_counterВчера2012
mod_vvisit_counterОвој месец47442
mod_vvisit_counterВкупно4671087

Денеска е: Сеп 24, 2017
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

За Агенцијата

Мисија на Агенцијата за енергетика на Република Македонија – АЕРМ е да го поддржува Спроведувањето на енергетската политика на Владата, преку подготовка на енергетски стратегии , развојни планови и програми, со особен акцент на енергетската ефикасност (ЕЕ) и користењето на обновливи извори на енергија(ОИЕ).

 

ФОКУС НА ЕЕ И ОИЕ
АЕРМ има мандат да предводи, дава иницијативи, координира изработка на студии и проекти за ЕЕ и користење на обновливи извори на енергија во насока на успешно исполнување на акциониот план за реализација на Стратегијата за ЕЕ на РМ . Понатаму, да промовира и поттикнува заштеда на енергија и ОИЕ.

 

КООРДИНАТИВНА УЛОГА
Локалната и регионалната реализација на проекти поврзани со примена ЕЕ системи, со посебен акцент на ОИЕ, како и нивните имплементатори ќе бидат координирани од страна на Агенцијата.

На овој начин ќе се обезбеди реализација на проекти во исти области без нивно преклопување и правилно насочување на расположливите инвестициски средства.

Исто така, ќе се обезбеди поефикасен трансфер на знаења, примената на know-how технологии и успешни примери од регионот и пошироко.

 

ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА
Агенцијата за енергетика е насочена кон подготовка на предлози за законски и подзаконски акти, технички прописи и стандарди во соработка со надлежните министерства, образовни институции, стопански субјекти, невладини здруженија и други, со што ќе се постигне побрзо усогласување со регулативата на Европската Унија.

 

ДЕЛОВНИ ВРЕДНОСТИ
Агенцијата во својата работа се придружува кон следните принципи:

  • Законитост
  • Стручност
  • Професионалност
  • Транспарентност
  • Одговорност за работењето

 

ОСНОВАЊЕ
Агенцијата за енергетика започна со активно делување во септември 2007.г, согласно Законот за основање на истата, од јули 2005 и верификација на Управниот одбор во полн состав од страна на Владата во 2005 година и втор во 2007 година.

 

СТАТУС И ФИНАНСИРАЊЕ
Агенцијата има својство на правно лице, а средствата за основање се обезбедени од Буџетот на РМ.

Срествата за вршење на дејноста се обезбедуваат преку трансфери од Буџетот на РМ, приходи од вршење на специфични услуги во областа на енергетиката, како и од донации со што се обезбедува најзина самоодржливист.

Агенцијата има улога на имплементатор на домашни и странски проекти.

 

ЕНЕРГЕТСКА ПОЛИТИКА НА РМ
Владата на Република Македонија и Министерството за економија ја водат и усогласуваат севкупната енергетска политика на државата, додека Агенцијата со своите по закон утврдени дејности придонесува за успешна реализација на плановите и програмите.

 

МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА

  • Услуги
  • Издавање на зелени сертификати за производителите на електрична енергија од ОИЕ т.е. сертификата за повластени производители
  • Евалуација на проекти при побарување на средства за банки и инвеститори
  • Изработка на проекти за ЕЕ и ОИЕ
  • Интелектуални услуги во сите енергетски области
  • База на енергетски податоци потребни за првична проценка на проекти и советување за инвестиции
  • Издавање на Енергетски пасоши за градежни објекти
  • Менаџирање на проекти од локален и регионален карактер во домен на ЕЕ и ОИЕ
  • Професионална обука за ЕЕ иОИЕ.
     

ФИНАНСИСКА И ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

  • Агенцијата е клучен медијатор за препорака и добивање на финансиска поддршка за проекти во домен за ЕЕ и ОИЕ од донаторите и комерцијалните банки, но директно не финансира проекти.
  • Обезбедува и посредува за финансирање на проекти од комерцијалните банки преку својот партнер- Македонската банка за поддршка на развојот за потенцијални инвеститори и повластени произведители на енергија од ОИЕ.
  • Обезбедува техничко- финансиска поддршка за обуки, семинари,  конференции и презентации за подготовка на проекти, професионална надградба и реализација на проекти за ЕЕ и ОИЕ.
  • Препорачува одобрување за финансирање на проекти кај комерцијалните банки и фондови преку механизмот за оценка на профитабилноста и повраток на средствата за инвестициите.

 

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

  • Во индустрија, објекти, домаќинства и транспорт.
  • Рационално користење на енергија и ресурси.
  • Поголема употреба на ОИЕ.
  • Вградување на системи со висок коефициент на ЕЕ.
  • Примена на модерни системи за автоматско управување.
  • Професионални енергетски контроли за идентификација на најисплатлива мерка за ЕЕ.
  • Реконструкција на системите и апаратите и нивно редовно оддржување.
  • Правилно раководење со системите и апаратите.
  • Грижа за околината.
     
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)