МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1434
mod_vvisit_counterВчера2012
mod_vvisit_counterОвој месец47450
mod_vvisit_counterВкупно4671095

Денеска е: Сеп 24, 2017
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Меѓународна соработка

Правната и институционалната рамка на работењето во енергетскиот сектор во земјите од Југоисточна Европа се менува брзо. Процес на изменување и дополнување на постојните и усвојување на нови прописи е евидентен во речиси сите земји и формирани се нови институции за спроведување на националните приоритети, за исполнување на условите за пристапување во Европската Унија и обврските превземени при потпишување на Договорот за Енергетска Заедница.

Република Македонија е една од деветте земји од Југоисточна Европа, кои го ратификуваа Договорот за основање на Енергетска Заедница и се обврзаа да ги имплементираат соодветните Правилата на ЕУ за енергија, животната средина и конкуренција.

Енергетската заедница има три главни цели:

1. Да се создадат национални, отворени и транспарентни енергетски пазари способни за привлекување инвестиции во производство на електрична енергија и мрежи.
2. Воспоставувањето на регионален енергетски пазар е предвидено да овозможи прекугранична трговија со енергија, гарантирано снабдување со енергија и да се обезбеди дека климатските/еколошки и социјални фактори се интегрирани во оперирањето на енергетскиот сектор.
3. Потписниците на Енергетската заедница да го имаат овој регионален пазар целосно интегриран со внатрешниот енергетски пазар на ЕУ.

Во оваа насока, на меѓународен план Агенцијата за енергетика на Република Македонија дополнително остварува соработка и контакти со повеќе меѓународни организации:

• Странски државни и владини организации:
- Министерство за животна средина, земја и море на Италија
- Сојузно министерство за економија и технологија на Германија
- Агенција за енергетика на Германија (DENA)
- Министерство за економија- сектор енергетика на Словенија
- Агенција за енергетска ефикасност на Бугарија
- Фонд за инвестиции за енергетска ефикасност на Бугарија
- Агенција за енергетска ефикасност на Србија 

• Меѓународни и меѓувладини организации:
- Светска Банка
- Меѓународна банка за обнова и развој
- УНДП
- УНЕЦЕ
- УНЕСКО
Институт за енергетика „Хрвоје Пожар" од Хрватска 
- Институт за градежништво „Јожеф Штефан" од Словенија

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)