МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1709
mod_vvisit_counterВчера3193
mod_vvisit_counterОвој месец70799
mod_vvisit_counterВкупно5984923

Денеска е: Ное 15, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Десетти “Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност”

IMG_6162Агенцијата за енергетика, на ден 01.12.2011 година, го организираше десеттиот "Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност", кој се одржа во салата за состаноци во Клуб на новинари, Скопје. Тема на собирот беше: "Енергетски контролори и сертификација на објекти".

На собирот, беа присутни претставници од Агенцијата за енергетика, како и експерти од областа на енергетиката во Република Македонија.

Собирот го отвори директорот на Агенцијата за енергетика, господинот Гечевски Лазар.

Беа одржани две предавања на оваа тема и тоа:

1. Г-дин Андон Киров, претставник од Министерството за економија, со презентација на тема: "Законска рамка за обука и овластување на енергетски контролори во Република Македонија" и

2. Г-а Жељка Хрс Борковиќ, од Институтот Хрвоје Пожар, Хрватска, со презентација на тема: "Сертифицирање на објекти-примери од Хрватска".

На крајот од Собирот, беше отворена дебата во која присутните покажаа голем интерес за конкретната тема а особено за начинот и постапката за сертифицирање на објекти во Република Хрватска. Исто така, присутните се произнесоа со коментари во однос на правната терминологија и начинот на кој оваа област е регулирана со подзаконските акти во Република Македонија. Воедно, се дискутираше за усогласеноста на националните законодавства со Директивата за енергетска ефикасност.

Од дискусијата произлезе барањето за усвојување на соодветна правна регулатива со која поконкретно би се регулирала материјата на сертифицирање на објекти.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)