МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1731
mod_vvisit_counterВчера3193
mod_vvisit_counterОвој месец70821
mod_vvisit_counterВкупно5984945

Денеска е: Ное 15, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Единаесетти „Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“

IMG_6276На 02.02.2012 година, четврток, на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Агенцијата за енергетика на Република Македонија го организираше единаесеттиот Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.


Овој Собир на експерти следеше по едномесечната пауза поради празниците и немаше одредено тема, односно Собирот беше отворен за дебатирање.


Свое обраќање имаше директорот на Агенцијата за енергетика, г-дин Гечевски Лазар, кој направи краток пресек на работењето на Агенцијата во 2011 година, како и планираните активности за 2012 година. Исто така, директорот ги најави темите кои ќе се обработуваат и за кои ќе се дебатира на наредните Собири. Со оглед на тоа дека досега се обработувани теми за сите обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност и за истите имало предавачи кои се експерти од областа, од сега повеќе се се разгледуваат теми поврзани со регулативата во енергетиката, како што се закони, правилници, стратегии и сл.


На крај од Собирот, директорот на Агенцијата, од име на Агенцијата за енергетика, додели Пофалници на фирмите кои изградиле постројка за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија и Благодарници на лицата кои придонеле за поуспешно организирање на Собирите на експерти, односно придонеле во областа на обновливи извори на енергија или енергетска ефикасност.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)