МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес489
mod_vvisit_counterВчера1902
mod_vvisit_counterОвој месец43958
mod_vvisit_counterВкупно5592431

Денеска е: Јул 16, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Дванаесетти „Собир на експерти од областа на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност“

IMG_6300На 01 март 2012 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Агенцијата за енергетика на Република Македонија го организираше 12-тиот Собир на експерти од областа на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Темата на овој собир беше Упатството за воведување на мерки за енергетска ефикасност во јавните набавки, а беше презентирано од страна на доцент д-р Сања Поповска Василевска која воедно и го изработи ова упатство за потребите на Агенцијата за енергетика по претходно прибавено мислење од Бирото за јавни набавки.

Поради присуството на неколку медиуми, на почетокот на собирот беше одвоено време каде директорот на Агенцијата за енергетика, г-дин Лазар Гечевски даде свое интервју каде ја објасни потребата од вакво упатство во Република Македонија, накратко давајќи и објаснување за ситуацијата во земјава во однос на енергетската ефикасност, за на крај да ги истакне следните чекори и обврски на Агенцијата кои ќе помогнат во процесот на подобрување на моменталната состојба и приближување кон европските трендови. Исто така повикани да дадат интервју беа и доц. д-р. Сања Поповска Василевска која го изработи гореспоменатото упатство и д-р. Петар Николовски кој е член на работната група за изработка на Правилник за енергетски карактеристики на згради под иницијатива на Агенцијата и поддршка и координација од страна на ЦеПроСард.

По интервјуата и заминувањето на медиумите, Собирот продолжи со нормален тек, со кусо отворање од страна на г-дин Гечевски, а потоа и презентација на г-а Поповска Василевска. На крајот следеше дебата, каде присутните беа повикани да поставуваат прашања или да ги споделат своите досегашни искуства и размислувања во однос на воведување на енергетска ефикасност во јавните набавки. Иницијативата за изработка на ова упатство беше позитивно поздравена. На овој Собир присуствуваа 25 лица.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)