МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1892
mod_vvisit_counterВчера5577
mod_vvisit_counterОвој месец71599
mod_vvisit_counterВкупно5526273

Денеска е: Јун 22, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

ЦеПроСАРД

CeProSARDЗдружението ”Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој” ЦеПроСАРД е воспоставено по иницијатива на група граѓани - експерти од областа на земјоделството, руралниот развој, економијата и заштитата на животната средина и културното наследство на основа на сопствените сознанија и искуство и согледаната неопходна потреба за интензивно дејствување на полето на воведување на одржливите практики во областа на земјоделството и руралниот развој. Здружението е воспоставено со одржување на состанок на основачите во јуни, 2007 година кога е донесена одлука за името, скратениот латиничен назив и симболот на Здружението.

Агенцијата за енергетика на Република Македонија соработува често со ЦеПроСАРД и до сега заедно ги имаат издадено Прирачниците за: фотоволтаични електрани, хидорцентрали, електрани на биомаса и ветерни електрани, а воедно ЦеПроСАРД ја координира и работната група која е составена по иницијатива на Агенцијата за енерегетика на Република Македонија за изработка на Правилник за енергетски карактеристики на згради.

Исто така со претходно набавено мислење од Бирото за Јавни набавки Агенцијата за енергетика на Република Македонија во соработка со ЦеПроСАРД го изготви и Упатство за примена на мерките за енергетска ефикасност и заштеда на енергија при определување на карактеристиките на стоките и услугите што се однесуваат на енергетската ефикасност и заштедата на енергија при избор на најповолен понудувач.

Повеќе за ЦеПроСАРД можете да дознаете тука.

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)