МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1313
mod_vvisit_counterВчера6640
mod_vvisit_counterОвој месец87171
mod_vvisit_counterВкупно5350636

Денеска е: Апр 23, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Електричен трицикл

Агенцијата за енергетика започна со постапка за набавка на трицикл со електричен погон кој се планира да биде во функција од месец Јуни. 
Овој трицикл ќе биде користен за правење мали тури низ градот Скопје, како и за промоција на користењето на новите технологии за намалување на емисијата на штетни издувни гасови, тема која денеска е доста актуелна.

Сметаме дека на овој начин ќе ги поттикнеме и охрабриме граѓаните да користат еколошки транспортни средства и да ја развиеме нивната еколошка свест.

 

 

Полнач за електрични возила и велосипеди

parking_veternicaОпштина Центар и ЈП Паркинзи на Општина Центар се во преговори со Агенцијата за енергетика на Република Македонија за поставување на Полнач за електрични возила и велосипеди на 5 локации на најфрекфетните места во централното градско подрачје.

Една од првите предвидените локации на која ќе биде поставен полнач за електрични возила и велсипеди ќе биде монтажниот паркинг во Капиштец.

Заинтересираните инвеститори ќе склучат Јавно приватно партнесртво со Општина Центар- ЈП Паркинзи на Општина Центар.

   

Правилник за енергетска конрола

Со донесување на новиот Закон за енергетика, Министерството за економија на Република Македонија има обврска да изработи Правилник за енергетска конрола. За таа цел оформена е работна група од експерти, претставници од Министерството за економија, претставници од Агенцијата за енергетика и претставници од ГТЗ.

Со овој правилник ќе биде регулиран начинот на обука и доусовршување за енергетски контролори. Агенцијата за енергетика на Република Македонија секоја година треба да објавува јавен оглас за избор на правни лица за спроведување на обуки и полагање на испити за енергетски контролори.

   

Започната изработка на Правилникот за енергетски карактеристики на згради и Методологија за определување на енергетските карактеристики на зградите

Агенцијата за енергетика на Република Македонија, во соработка со Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД, започна со изработка на Правилникот за енергетски карактеристики на згради и Методологија за определување на енергетските карактеристики на зградите, согласно со барањата и условите наведени во член 136 од Законот за енергетика на Република Македонија.

За таа цел, оформена е работна група составена од експерти од областа, претставници од Агенцијата за енергетика на Република Македонија и претставници од ЦеПроСАРД.

Откако Правилникот и Методологијата ќе бидат изработени, за истите ќе биде организирана јавна расправа.

   

Страница 2 од 2

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)