МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес3902
mod_vvisit_counterВчера5578
mod_vvisit_counterОвој месец51234
mod_vvisit_counterВкупно5000470

Денеска е: Јан 19, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Промоција на студентите кои дипломирале/магистрирале до април 2013 година на ФЕИТ

На ден 19.06.2013 година (среда)  ќе се одржи промоција на студентите кои дипломирале/магистрирале до април 2013 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Промоцијата ќе започне во 19:30 часот и на истата свое обраќање ќе има и Директорот на Агенцијата за енергетика, Г-дин Гечевски Лазар.

   

Нови правилници за енергетска ефикасност во посебни сектори

Агенцијата за енергетика на Република Македонија започна иницијатива за изработка на Правилници за енергетска ефикасност во одредени сектори во државата: земјоделство и шумарство, индустрија, услужен сектор, транспорт и образование. Со донесување на овие Правилници, секое Министерство ќе биде надлежно за спроведувањена енергетска ефикасност во својот сектор.

   

Толковник за стручни термини од енергетиката

Агенцијата започна со изработка на Толковник за стручни термини од енергетиката, со што ќе се постигне унифицирање на поимите кои се користат помеѓу експертите и пошироката јавност од областа на енергетиката.

   

Електрично возило

voziloАгенцијата за енергетика на Република Македонија, во иднина, планира да започне со користење на електрично возило. Ова ќе биде како продолжение на иницијативата за поставување на полначи за електрични возила. Сметаме дека на тој начин ќе дадеме одличен пример на граѓаните со цел нивно мотивирање за купување на еколошки возила кои помалку ќе ја загадуваат животната средина

   

Институт за доедукација на кадри во ЕЕ и ОИЕ

Агенцијата за енергетика на Република Македонија, во своето работење, согледа дека има потреба од формирање на Институт за доедукација на кадар во делот на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност. Овој Институт би се формирал во рамките на некој од факултетите, а студентите од техничките факултети, економскиот и правниот факултет, кои планираат да се запишат на постдипломски студии, ќеможе да продолжат со своето образование токму на овој институт и да го доусовршат своето знаење од овие области. Потребата од вакви едуцирани експерти е голема, а истите тие потоа ќе бидат носители на изработка на закони, подзаконски акти, правилници и упатства во енергетиката.

   

Електричен трицикл

Агенцијата за енергетика започна со постапка за набавка на трицикл со електричен погон кој се планира да биде во функција од месец Јуни. 
Овој трицикл ќе биде користен за правење мали тури низ градот Скопје, како и за промоција на користењето на новите технологии за намалување на емисијата на штетни издувни гасови, тема која денеска е доста актуелна.

Сметаме дека на овој начин ќе ги поттикнеме и охрабриме граѓаните да користат еколошки транспортни средства и да ја развиеме нивната еколошка свест.

 

   

Полнач за електрични возила и велосипеди

parking_veternicaОпштина Центар и ЈП Паркинзи на Општина Центар се во преговори со Агенцијата за енергетика на Република Македонија за поставување на Полнач за електрични возила и велосипеди на 5 локации на најфрекфетните места во централното градско подрачје.

Една од првите предвидените локации на која ќе биде поставен полнач за електрични возила и велсипеди ќе биде монтажниот паркинг во Капиштец.

Заинтересираните инвеститори ќе склучат Јавно приватно партнесртво со Општина Центар- ЈП Паркинзи на Општина Центар.

   

Правилник за енергетска конрола

Со донесување на новиот Закон за енергетика, Министерството за економија на Република Македонија има обврска да изработи Правилник за енергетска конрола. За таа цел оформена е работна група од експерти, претставници од Министерството за економија, претставници од Агенцијата за енергетика и претставници од ГТЗ.

Со овој правилник ќе биде регулиран начинот на обука и доусовршување за енергетски контролори. Агенцијата за енергетика на Република Македонија секоја година треба да објавува јавен оглас за избор на правни лица за спроведување на обуки и полагање на испити за енергетски контролори.

   

Започната изработка на Правилникот за енергетски карактеристики на згради и Методологија за определување на енергетските карактеристики на зградите

Агенцијата за енергетика на Република Македонија, во соработка со Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД, започна со изработка на Правилникот за енергетски карактеристики на згради и Методологија за определување на енергетските карактеристики на зградите, согласно со барањата и условите наведени во член 136 од Законот за енергетика на Република Македонија.

За таа цел, оформена е работна група составена од експерти од областа, претставници од Агенцијата за енергетика на Република Македонија и претставници од ЦеПроСАРД.

Откако Правилникот и Методологијата ќе бидат изработени, за истите ќе биде организирана јавна расправа.

   
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)