МЕНИ
Мултимедија
Посетеност







![]() | Денес | 1333 |
![]() | Вчера | 6640 |
![]() | Овој месец | 87191 |
![]() | Вкупно | 5350656 |
Идни активности на АЕРМ
Промоција на студентите кои дипломирале/магистрирале до април 2013 година на ФЕИТ
На ден 19.06.2013 година (среда) ќе се одржи промоција на студентите кои дипломирале/магистрирале до април 2013 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии. Промоцијата ќе започне во 19:30 часот и на истата свое обраќање ќе има и Директорот на Агенцијата за енергетика, Г-дин Гечевски Лазар.
Нови правилници за енергетска ефикасност во посебни сектори
Агенцијата за енергетика на Република Македонија започна иницијатива за изработка на Правилници за енергетска ефикасност во одредени сектори во државата: земјоделство и шумарство, индустрија, услужен сектор, транспорт и образование. Со донесување на овие Правилници, секое Министерство ќе биде надлежно за спроведувањена енергетска ефикасност во својот сектор.
Толковник за стручни термини од енергетиката
Агенцијата започна со изработка на Толковник за стручни термини од енергетиката, со што ќе се постигне унифицирање на поимите кои се користат помеѓу експертите и пошироката јавност од областа на енергетиката.
Електрично возило
Агенцијата за енергетика на Република Македонија, во иднина, планира да започне со користење на електрично возило. Ова ќе биде како продолжение на иницијативата за поставување на полначи за електрични возила. Сметаме дека на тој начин ќе дадеме одличен пример на граѓаните со цел нивно мотивирање за купување на еколошки возила кои помалку ќе ја загадуваат животната средина
Институт за доедукација на кадри во ЕЕ и ОИЕ
Агенцијата за енергетика на Република Македонија, во своето работење, согледа дека има потреба од формирање на Институт за доедукација на кадар во делот на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност. Овој Институт би се формирал во рамките на некој од факултетите, а студентите од техничките факултети, економскиот и правниот факултет, кои планираат да се запишат на постдипломски студии, ќеможе да продолжат со своето образование токму на овој институт и да го доусовршат своето знаење од овие области. Потребата од вакви едуцирани експерти е голема, а истите тие потоа ќе бидат носители на изработка на закони, подзаконски акти, правилници и упатства во енергетиката.
Повеќе Артикли...
Страница 1 од 2