МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес374
mod_vvisit_counterВчера1902
mod_vvisit_counterОвој месец43843
mod_vvisit_counterВкупно5592316

Денеска е: Јул 16, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Русија планира да ја зголеми експлоатацијата на гас и нафта

Rusija_NovakРусија планира да ја зголеми експлоатацијата на гас на 885 милијарди кубни метри годишно до 2030-2035 година во однос на 641 милијарди кубни метри во 2014 година, соопшти на Националниот форум на нафтено-гасната индустрија министерот за енергетика на земјата Александар Новак, пренесе ТАСС.

   

Почнува изградбата на магистралниот гасовод од Клечовце до Штип

gasovodРуската компанија „Стројтрансгас“ ја почна  изградбата на магистралниот гасовод делница Клечовце –Блок станица 5, како дел од проектот за изградба на Националниот гасоводен систем во Македонија, соопшти Акционерското друштво за вршење енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“.

   

САД станува најголемиот производител на нафта во светот!

sad_proizvoditelПолека но сигурно, САД ќе ги достигне Саудиска Арабија и Русија и ќе стане најголемиот производител на нафта во светот до 2015 година, според Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА). Се верува дека тоа ќе го доближи Вашингтон до енергетска независност и ќе ја намали потребата од увоз од земјите од ОПЕК.

До 2020 година, нафтените полиња во Тексас и Северна Дакота ќе го забележат својот врв и Блискиот Исток ќе ја врати својата доминација во нафтениот сектор, особено како снабдувач за Азија, според ИЕА.

“Очекуваме во 2015 година, САД да биде најголемиот производител на нафта во светот. Гледаме две тенденции на нафтените пазари” вели Фатих Бирол од ИЕА, во интервју за Reuters.

“До 2020 година очекуваме најлесната сурова нафта да се зголеми. Во исто време, поради зголемувањето на производството во Бразил, потребата од нафта во наредните години дефинитивно ќе биде помала”.

До 2025 производството на земјите надвор од ОПЕК ќе се намалат и земјите од Блискиот Исток ќе обезбедат поголем дел од растот во глобалното снабдување со нафта.

Според предвидувањата на ИЕА, САД ќе достигне до 101 милиони барели на ден во 2035 година во споредба со 86.7 милиони барели на ден во 2011 година.

Извор:  http://www.biznisvesti.mk/

 

   

Летонија на чело на ЕУ за енергетска независност

letonijaЛетонија од 1 јануари следната година го презема од Италија претседавањето со Европската унија, а како свои главни приоритети ги нагласува зголемувањето на конкурентноста и работата на енергетската независност на Европската унија.

   

Страница 4 од 323

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)