МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес361
mod_vvisit_counterВчера1902
mod_vvisit_counterОвој месец43830
mod_vvisit_counterВкупно5592303

Денеска е: Јул 16, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

Цената на нафтата падна на 88 долари за барел

 

altЦената на нафтата падна на 88 долари за барел оти пазарот очекува разочарувачки вести од седницата на Одборот за монетарна политика на Федералните резерви на САД (ФОМЦ).

Референтната цена на еден барел нафта за испорака во септември на Њјоршката берза падна на за 1,72 долари во однос на понеделникот, на 88,06 долари.

Дванаесет членови на ФОМЦ ќе се сретнат во обид да одлучат активирање на нови мерки за поддршка на економијата на САД.

Се очекува одлуката да ја донесат денеска попладне, ден пред состанокот на Советот на гувернери на Европската централна банка за кризата во евро зоната.

   

Македонија произведува повеќе струја од 4 држави на ЕУ, но двојно помалку од европскиот просек

altПросекот на ЕУ е 6,7 мегаватчасови електрична енергија по жител. Македонија произведува 3,5 мегаватчасови електрична енергија по жител.Во споредба со државите од ЕУ подобри сме од Романија, Латвија, Литванија, Хрватска, а рамноправни сме со Унгарија, покажуваат официјалните податоци од најновиот годишник за показателите од 2010 година.

Македонските производители на електрична енергија во 2010 година призвеле 7,26 милиони мегаватчасови електрична енергија. Во споредба со 27 држави членки на Европската Унија, Македонија е поголем производител на струја од Кипар, Малта, Латвија, Литванија и Луксембург.

Податоците покажуваат дека Македонија произведува повеќе електрична енергија по жител и од големата Турција која важи за голем и стратешки многу важен производител на електрична енергија. Таа држава произведува 2,7 мегаватчасови електрична енергија по жител, а вкупно во 2010 година произвела над 190 милиони мегаватчасови електрична енергија.

   

Нуклеарна експанзија по несреќата во Фукушима

 

altСе очекува енормно ширење на нуклеарните електрани во Азија и покрај несреќата во НЕ Фукушима 1 која предизвика негативни коментари во јавноста.

Во Азија е планирано да се изградат огромен број на нуклеарни електрани како извор на енергија без емисија на CO2 и покрај несреќата што ја зафати НЕ Фукушима во Јапонија која предизвика негативни ставови од јавноста. До 2035 година се очекува бројот на нуклеарните електрани во светот да се зголеми за 44-99 %, се вели во извештајот на обединетите нации. При тоа само во Азија нивниот број ќе се зголеми за 125 -185%, а најголемиот раст се очекува во Кина, Индија, Јужна Кореја, и Русија.

   

Газпром се шири во Јушна Америка

 

altГазпром потпиша договор за истрашување на полињата со гас во Еквадор.

Еквадорската влада и руската нафтена компанија Газпром потпишаа договор за истрашување на полињата со гас во заливот Гвајаквил. Се работи за полето Амистад со кое управува еквадорската нафтена компанија Еппетроеквадор. Газпром покрај ова поле ќе истражува и на сите останати офшор локации во еквадорските води. 

   

Страница 323 од 323

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)