МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1377
mod_vvisit_counterВчера3572
mod_vvisit_counterОвој месец58559
mod_vvisit_counterВкупно5856516

Денеска е: Окт 17, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

МАРОКО ЈА ГРАДИ НАЈГОЛЕМАТА СОНЧЕВА ТЕРМОЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛА ВО СВЕТОТ

noir1-marokoМароко ја гради најголемата сончева термоелектроцентрала во светот со вкупна моќност од 560 MW.  На 4-ти февруари 2016-та година мароканскиот крал Мохамед 6-ти го пушти во работа првиот дел од сончевата електроцентрала кој има номинална моќност од 160 од планирани 560 MW. Во почетната фаза се очекува „Noor 1“ да работи 20 часа дневно. После изградбата на сите делови,  ќе биде зафатена  површина поголема од главниот град на Мароко, Рабат.

   

ПРОМОЦИЈА НА ПУБЛИКАЦИЈАТА "ПОТРОШУВАЧКА НА ЕНЕРГЕНТИ ВО ДОМАЌИНСТВАТА"

statistika29012016 Промоција на публикацијата "Потрошувачка на енергенти во домаќинствата"

На 29.01.2016 година, Државниот завод за статистика го претстави првото издание на публикацијата ''Потрошувачка на енергенти во домаќинствата'' пред стручната и научна заедница,. Податоците во публикацијата се резултат на спроведена Анкета за потрошувачка на енергенти во домаќинствата. На промоцијата се обрати заменик-директорот на Државниот завод за статистика, м-р Дејан Станков, а за значењето на податоците во публикацијата зборуваше проф., д-р. Горан Чогеља.

   

Во Египет откриено најголемото наоѓалиште на гас во Средоземјето

GasovodИталијанската енергетска компанија ENI објави во неделата дека го открила најголемото наоѓалиште на земјен гас во Средоземјето во египетските територијални води, на длабочина од 1.450 метри.

Наоѓалиштето Зор 1Х би можело да содржи 850 милијарди кубни метри гас, што е еквивалентно на 5,5 милијарди барели нафта, во сектор со површина од сто квадратни километри, оценува компанијата ENI во соопштението, додавајќи дека станува збор за „едно од најголемите наоѓалишта на гас во светот“.

   

„Нафтогас“ ја негираше информацијата дека побарал од „Гаспром“ аванс за транзит на гас

naftog„Нафтогас на Украина“ ја негираше информацијата дека побарала компанијата „Гаспром“ да даде аванс за транзитот на гас за да може потоа Украина да го плати гасот за своите подземни складишта. Ова го изјави денеска портпаролот на „Нафтогас“ Аљона Осмоловскаја, пренесува ТАСС.

„Не е вистина“, изјави таа. „Страните во Минск дискутираа за условите на новиот зимски пакет. Не стана збор за аванс за транзитот на гас“.

   

Страница 2 од 323

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)