МЕНИ

Мултимедија

Прашалник

Анкета за квалитет на услугите

Посетеност

mod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_countermod_vvisit_counter
mod_vvisit_counterДенес1778
mod_vvisit_counterВчера1775
mod_vvisit_counterОвој месец75867
mod_vvisit_counterВкупно5530541

Денеска е: Јун 24, 2018
Евиденцијата е започната на 01.01.2011

13th European Forum on Eco-Innovation

13-тиот Европски форум за еко-иновации  ќе се одржи на 26 и 27 ноември 2012 година во Лисабон, Португалија .

Овој форум е организиран со поддршка на три европски мрежи - креатори на политики (Eco-Innovera, EcoPol and Environmental-NCP-Together).

Програмата и повеќе информации можете да најдете на следната веб страна: http://ec.europa.eu/environment/ecoinnovation2012/2nd_forum/

 

Редовно годишно собрание на Македонско-Германското стопанско здружение

015823132_40100На 18 Април 2012 се одржа дванаесеттото редовно собрание на членовите на Македонско-Германското стопанско здружение (DMWV) во конференциската сала на ресторанот „Воденица“ во Скопје.
Михаел Шмит, раководен член на У.О. на DMWV, објави пред присутните дека на вонредното собрание кое се одржа во декември 2011, Матијас Ханел беше избран за нов претседател.

Како ретроспектива на активностите на DMWV и на АХК Македонија, господинот Михаел Шмит ги информираше членовите за активностите во изминатата година и истакна дека беа одржани бројни настани.

   

8-мо Интернационално летно училиште

Во периодот од 21.08.2012 – 01.09.2012 година ќе се одржува осмото по ред Летно училиште, кое секоја година го организира Регионалниот центар за образование и информирање за одржлив развој за Југоисточна Европа во Босна и Херцеговина. Оваа година летното училиште ќе биде со цел учесниците подетално да се запознаат со Енергетското планирање во функција на локалниот одржлив развој.

На ова летно училиште може да аплицираат сите заинтересирани лица кои сакаат да го надградат своето знаење во ова поле.

Подетални информации за летното училиште може да најдете на веб страната на Регионалниот центар за образование и информирање за одржлив развој за Југоисточна Европа http://www.reic.org.ba/

 

“Light + Building“ 2012 – Енергетска ефикасност клучна технологија

frankfurt15-20 Април 2012 година, Франкфурт, Германија

Мото на саемот “Light + Building“ ќе биди енергетска ефикасност како клучна технологија на новиот енергетски модел. Фокусот ќе биде на индустриски и комерцијални објекти, станбени згради, како и на јавни површини. Покрај енергетска ефикасност, фокусот ќе биде и на така наречени напредни мрежи кои претставуваат клучна енергетска технологија.

Саемот ќе биде ориентиран кон најактуелните трендови во 2012 година, како што се дигитализација на осветлувањето, LED технологија и нови стандарди, интелигентни системи. Покрај овие трендови, вниманието ќе биди свртено и кон згради како зелени централи. Ќе бидат претставени така наречени умни згради, напредни мрежи, умни мерења, Е – мобилност итн.

   

Страница 4 од 11

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)