you are here: Home
УНЕЦЕ Основни информации

Проект: Финансирање на инвестиции во областа на енергетската ефикасност за ублажување на климатските промени УНЕЦЕ

Позадина

 

Комисијата за Економија на УН за Европа е во извршување на проект за финансирање на инвестиции од областа на енергетска ефикасност за ублажување на климатските промени во дванаесет земји во југоисточна Европа, источна Европа и централна Азија. Проектот е за промовирање на формирањето на пазарот така што ќе може да се изнајдат, да се развијат, финансираат и имплементираат проекти од областа на само-одржлива енергија, енергетски ефикасни и обновливи извори на енергија локално во земјите учеснички: Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Казахстан, Република Молдавија, Романија, Руска Федерација, Србија, Република Македонија и Украина.

Прва цел: Идентификација и развој на инвестициони проекти
Втора цел: Зајакнување на политиката за енергетската ефикасност и обновлива енергија
Трета цел: Промовирање на инвестициски можности за комерцијални банки и компани 

 

Преглед на проектот

ЦЕЛИ

Целта на проектот за долгорочен развој и три краткорочни цели се опишани подолу. Следат листи на резултатите кои треба да се постигнат со секоја активност за време на четирите години на имплементација на проектот.

Главна Цел: Промовирање на климата за инвестирање каде што проекти од областа на само-одржлива енергетска ефикасност и обновлива енергија може да се идентификуваат, развиваат, финансираат и имплементираат од страна на локални тимови од општините, фабриките и енергетските претпријатија.

Прва Цел: Идентификување и развивање на проекти за инвестирање во приватниот и јавниот сектор на локално ниво: идентификување, развивање, финансирање и имплементација на проекти од областа на само-одржлива енергетска ефикасност и обновлива енергија од страна на побарувачка и од страна на снабдување, кои ги исполнуваат приоритетите за животна средина, здравје и институционални реформи.

Втора Цел: Да се зајакне политиката за енергетска ефикасност и обновлива енергија во земјите учеснички, да им се помогне на локалните власти и националната администрација да се запознаат со потребните економски, институционални и регулаторни реформи за поддршка на инвестирање на проекти од областа на енергетската ефикасност и обновлива енергија.

Трета Цел:  Промовирање на можности за комерцијални банки и компании за инвестирање во проекти од областа на енергетска ефикасност и обновлива енергија преку развој на фондови за јавно приватно партнерско инвестирање или финансиски механизми.

 

Активности и резултати

 

 

Активностите кои ќе се превземат за постигнување на секоја цел се за да се постигнат следните резултати.

Прва Цел: Идентификација и развој на инвестициони проекти

  • Мрежа на менаџери за енергетска ефикасност во земјите учеснички
  • Тренирани експерти за развој на проекти, финансии, бизнис планирање
  • Канали за инвестициони проекти

Втора Цел: Јакнење на политиката за енергетска ефикасност и обновлива енергија

  • Економски, институционални и регулаторни реформи
  • Семинари за енергетска ефикасност
  • Советодавни услуги за политики

Трета Цел: Промовирање на инвестициски можности за комерцијални банки и компании

  • Инвестициски фонд за енергетска ефикасност
  • Стандарди за развој на инвестициониот проект
  • Можни канали за инвестициони проекти 

 

Проект Менаџер:
Директор на програмата одговорен за овој проект
Г-дин Александар Чачин
Шеф на одделот за Одржлива Енергија,
Дивизија за Одржлива Енергија,
Комисија за Економија од Обединети Нации за Европа,
Адреса:
Sustainable Energy Division
United Nations Economic Commission for Europe
Bureau 380, Palais des Nations
1211 Geneva 10 – Switzerland


Tel: +41 22 917 2451
Fax +41 22 917 0038
E-mail:   Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите